Даниел Крег пред неколку дена во Калифорнија бил забележан со златен прстен на левата рака, со што ги поттикнал гласините дека се венчал со Сацуки Мичел. И филмската продуцентка се појавила со нов прстен на раката. Портпаролот на актерот нити ги демантирал нити ги потврдил овие информации. Изјавил дека тоа се приватни работи од кои се засегнати само Даниел и Сацуки.
Еден пријател на актерот открил дека Крег зборувал дека Сацуки е вистинската жена за него, и дека најверојатно се венчале. Во врска се околу шест години, а имале само кратка криза кога се шпекулираше дека Крег ја изневерил својата девојка со Сиена Милер. Даниел претходно бил во брак со шкотската актерка Фиона Лоудон со која има ќерка.