Актерот Даниел Крег, снимајќи сцена со тепање на сетот на новото продолжение од серијалот за агентот 007 “Spectra”, кој моментално го снимаат во Англија, го исчашил коленото. Крег се чувствува подобро, но снимањето морало да биде одложено за следната седмица.

 

Пред неколку месеци од гаражата на филмската продукција биле украдени пет Ренџ Ровери и четири луксузни лимузини. Неодамна било хакирано и сценариото на филмот. Продицентите стравуваат дека ќе доцнат со премиерата на филмот која е плнанирана за крајот на оваа година. Поранешниот Џејмс Бонд, сер Роџер Мур се пошегувал дека доколку треба тој ќе го замени Даниел.