Актерот Даниел Крег признал дека со години сакал да се откаже од улогата на Џејмс Бонд. Актерот изјавил дека се обидел да излезе од целата приказна уште по првиот филм, но продуцентите не сакале да го пуштат. Затоа се согласил да сними уште некое продолжение.
Крег, кој снимил три многу успешни филмови за Џејмс Бонд, важи за еден од надобрите актери во таа улога. Последното продолжение за Бонд “Skyfall” ги руши сите рекорди на гледаност во Велика Британија. Во бритаснките кина филмот се појавил на 1 ноември.