Режисерот и главниот актер на филмот Џејмс Бодно одбиле одговор кој им го понудила позната компанија која се занимава со телекомуникации. Во интерен мејл до кој дошле хакери, се открива дека таа компанија дала понуда од пет милиони долари како нивниот телефон би се појавил во филмот, но и 50 милиони долари за промоција.

 

Имено, понудени биле пет милиони долари накнада за ѕвездата Даниел Крег кој го глуми Џејмс Бонд, за во филмот „Спектре“ да го уфрли нивниот смартфон, но Крег и режисерот Сем Мендес одбиле објаснувајќи дека Џејмс Бонд го користи само “најдоброто“. Кој мобилен ќе го користи тајниот агент дефинитивно ќе се дознае во ноември, за кога е закажана премирата на филмот.