Доколку може да им се верува на продуцентите, Даниел Крег го стигнаа годините. Имено, продуцентите на блокбастерите за Џејмс Бонд не се задоволни со изгледот на британскиот актер, но не сакаат да го заменат со друг. И затоа се родила идејата за затегнување на лицето.

Продуцентите се плашат дека вака збрчкан, проќелав и остарен нема добро да го претстави ликот на легендарниот таен агент. Велат дека би го испратиле на бесплатно затегнување на лицето, не со плашат дека ќе ги одбие. Сите знаат дека Даниел го сака природниот изглед и дека не ја сака естетската хирургија.