Популарниот британски актер одлучил да им се посвети на улогите во театарот бидејќи според него тоа е вистинска уметност за разлика од филмот. Актерот кој стекна светска слава со улогите во филмовите за тајниот агент Џемс Бонд веќе се испроба глумејќи во театарска претстава заедно со Хју Џекмен.


Тие имале улога во претставата “A Steady Rain” на Бродвеј. За враќање на театарската сцена размислувал бидејќи филмските улоги и славата како и парите кои ги стекнал со нив не го исполнувале. Извори блиски на актерот изјавиле дека многу повеќе го исполнувало почитувањето на она што го работи отколку износот на неговата банковна сметка.