Британскиот актер Даниел Крег повеќе нема да ја толкува улогата на најпознатиот таен агент на светот Џејмс Бонд, потврди извор близок до актерот за “Daily Mail”. Крег, кој Бонд го играше од 2005 година до минатогодишниот хит „Спектра“, и донесе на продукциската куќа “MGM” профит од две милијарди долари, а сега е спремен да се збогува со улогата на тајниот агент, вели извор за “Daily Mail”.

 

-Крег заврши со Бонд, а тоа им го кажа на продуцентите веднаш откако заврши снимањето на последното продолжение. Студиото му понудило огромна сума пари, но тој сепак е одлучен во намерата повеќе да не го игра Бонд – вели изворот, и додава дека на Крег му биле понудени 68 милиони фунти за уште две продолженија. Од друга страна, сеуште не е познато кој ќе го замени Крег во улогата на Бонд, а букмејкерите најголеми шанси му даваат на британскиот актер Том Хидлстон.