Победникот на првата сезона на регионалното музичко ТВ-шоу „Икс фактор Адрија“, Даниел Кајмакоски, сè уште не ги добил ветените 10.000 евра, што белградската продукција МБК му ги вети по победата во март, објави денешен „Вест“. Откако се распадна продукцијата, Кајмакоски вели дека наградата му е само делумно исплатена и доделена.
Наскоро ќе започне втората сезона на шоуто, која ќе ја реализира продуцентската куќа ЦЛМ. За Македонија, дел од продукцијата ќе биде „Сител“, а во Србија, правата за емитување ги откупи телевизија „Прва“.
-Наградата што беше ветена за победникот, ми беше делумно исплатена и доделена, но продукцијата што го организираше минатогодишното шоу веќе не постои и е затворена. Убеден сум и се надевам дека победникот на втората сезона од „Икс фактор“ ќе го добие тоа што ќе биде промовирано како награда, изјавил Кајмакоски за „Вест“.
OhridNews
Извор: „Вест“