Македонскиот претставник Даниел Кајмакоски е победник на првото регионално музичко шоу „X Factor Adria“.

Тој во финалето што се одржа во белградска арена со извонреден настап ги освои срцата на публиката во салата, но и покрај малите екрани и имаше исклучително позитивни коментари од жирито.

Во првиот круг од финалето отпаднаа групата Доктори и Лукијан Ивановиќ, во вториот шоуто го заврши Маид Хаќимовиќ, а во суперфиналниот двобој завршија победникот Даниел и Тамара Милановиќ.

Победникот на „X Factor Adria“ доби автомобил „Мини“, парична награда од Мастер кард и можност да сними професионален албум и видео спот.

„X Factor е глобално музичко шоу, каде своите први музички чекори ги направиле сега веќе афирмираните пејачки имиња како: Tate Stevens, Melanie Amaro, Emblem3, Fifth Harmony, Carly Rose Sonenclar, Rachel Crow, Chris Rene, One Direction, Leona Lewis, Cher Lloyd…

OhridNews