Македонскиот пејач Даниел Кајмаковски е победник на третата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“. Тој триумфираше во финалето на најгледаното забавно шоу во регионот, победувајќи го српскиот естраден уметник Никола Роквиќ.
Даниел, кој имаше впечатливи интерпретации и имитации во тек на шоуто, се заблагодари на поддржувачите, а победата и средствата добиени за неа во висина од 25.000 евра ги посвети и донираше на самохрана мајка од Куманово.
-Им благодарам на сите, ова ми беше најтешка задача во кариерата. – изјави по победата Кајмакоски.
За потсетување ова е втор триумф на Даниел Кајмакоски на регионално шоу. Претходно тој победи на “X Factor Adria”.
OhridNews