Популарниот македонски пејач Даниел Кајмакоски попладнево доживеал сообраќајна несреќа во Скопје, во која не бил повреден, пренесоа националните медиуми.
Според објавите, незгодата се случила околу 16 часот на крстосницата помеѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“ во близина на Трговскиот центар „Мавровка“. Во сообраќајката се судриле возилата „Пежо 206“ со велешки регистерски таблички и „Мини Купер“ со српски регистарски таблици, управувано од пејачот Даниел Кајмаковски.
За среќа повредени нема, а причинета се само материјална штета.
OhridNews