На барање на левиот бек Даниел Андоновски, ГРК Охрид му овозможи спогодбено раскинување на договорот со кој што беше ангажиран од страна на Клубот.

Му се заблагодаруваме за досегашниот ангажман и му посакуваме долга и успешна понатамошна кариера, велат од ГРК Охрид.

Андоновски се врати во сино-белиот дрес, во јуни минатата година, по одличните сезони во РК Прилеп.

Беше дел и од младинскиот тим на Охрид кога го имаше клубот најдобриот успех на фајнл-фор турнирот во 2019та година освојувајќи го 2рото место во нашата лига.

OhridNews