Популарната пејачка Дани Димитровска со песната „Никој како ти“ победи на поп вечерта на фестивалот Охрид Фест, што синоќа се одржа на сцената на Долни Сарај.
Дани однесе тесна победа во неизвесната трка пред Ристо Самарџиев, а третото место го освои Влатко Илиевски. Победничката на поп вечерта доби награда во висина од 50.000 денари.
Јубилејното 15-то издание на Охрид Фест завршува вечерва со интернационалната вечер. Победникот од оваа вечер ќе има можност да сними видео спот за својата композиција во вредност од 20.000 евра. Наградата како што соопшти организаторот, ја доделува најголемата филмска продукција во Босна и Херцеговина “Solid state productions”, која ќе биде задолжена за снимање на спотот, а сценарист и режисер ќе биде Енвер Пушка. Тој е еден од најдобрите филмски работници во Босна и Херцеговина, а досега работел на три играни филмови: “GO WEST”,”Духовите на Сараево” и “Ритам на животот”. За филмот “Ритам на животот” има добиено награда во Италија и во САД.
Ohridnews