Договорот со Грција е капитулантски чин на Владата сервиран пред колегите пратеници. Се работи за противуставен договор со кој се врши измена на Уставот, се навлегува во менување на идентитетот и прави непоправлива и неповратна штета за сите граѓани на Република Македонија, истакна на денешната собраниска седница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.
Тој посочи дека Македонија влегува во процес од кој нема враќање.
-Освен тоа што овој договор е производ на оваа капитулантска влада сега се сака и пратениците да учествуваат во ова дело. Овој договор претставува современ геноцид на нашата правна држава и обид за негирање на реалноста на нашето постоење. Во содржината на договорот е јасно дека истиот е едностран, обврзувачки договор. Тоа укажува дека македонската страна прифаќа целосен ултиматум, а не дека се работи за акт на договор кој произведува меѓусебни права и обврска. Со оваа спогодба се наметнува ново име на државата, не како изворна намера на конститутивниот народ, туку како резултат на билатерална спогодба под уцена. Со ова се крши токму самата повелба која го гарантира правото на самоопределување, член 1 став два. Уставното име се дефинира со Уставот и само со Уставот. Преземањето на обврска за дефинирање на името на државата надвор од уставниот поредок е директно кршење на Уставот, нагласи Данев.
OhridNews