Данче Наумоска е занаетчија која изработува бакар во Copper Art. Почетоците на нејзината професија датираат уште многу одамна, кога љубовта кон создавањето на бакарни производи ја пренесол нејзиниот татко во неговата работилница. Тогаш најмногу ја привлекувале боите кои ги менувал бакарот при хемиска реакција- оксидација, нијансите кои никогаш не се повторуваат.

Изработува охридски мотиви кои се многу интересни за странците, религиозни теми, икони, по нарачка на клиентите, во различни димензии и техники, како и копии на артефакти, традиционални пафти, украси, а најново започна и со работа на апстрактна уметност.

Работата за Данче освен професија мора да биде и задоволство. Ова е креативна работа која неа лично, целосно ја исполнува и ја прави среќна и задоволна. „Работејќи со бакарот се губи негативната енергија, душата станува поисполнета, а во придружба со тивка музика задоволството станува комплетно.“ – вели Данче.

Нејзините изработки се нејзиниот автопортрет, најголема инспирација за сите убави нешта, синото езеро, историјата и нашето културно наследство. Нејзина слабост се оние неоткриени нешта, недопрени, оние нешта кој никој не успеал да ги уништи.

Погледнете ја 7мата епизода на Обични Херои, во која херојот за оваа недела е Данче Наумоска!

Обични херои Е07: Данче Наумоска

OhridNews