Новиот член на женскиот ракометен клуб Вардар, Сања Дамњановиќ и се приклучи на Андреа Лекиќ која го организира ракометниот камп во Охрид.


28-годишната ракометарка потпиша двегодишен договор со Вардар, а во Охрид допатува како специјален гостин на кампот, кој го заокружи вториот ден.


Прв гостин кој ги посети „камперите“ во Охрид беше македонската репрезентативка Робертина Мечевска.

Во преостанатите денови од кампот учесниците ќе бидат посетени од голманот на Вардар, Ина Суслина и Катерина Томашевиќ.

Ohridnews