Дамки од моторни масла пловат по каналот
Спортско риболовното друштво „Св. Апостол Петар“ деновиве излезе со предлог за дислокација на пловните објекти од каналот, со цел да се зачува и заштити ова природно живеалиште на бројни видови флора и фауна. Спортските риболовци предлагаат каналот да се уреди по теркот на реката Црн Дрим, а по него да пловат копии на охридски чунови кои ќе ги шетаат туристите до Билјанините извори. Со тоа каналот Студенчишта, наместо црна еколошка точка, ќе биде вистинска туристичка атракција и прекрасно шеталиште, велат спортските риболовци.
фото: Васко Бујароски