Извонредниот гитарист и познат музички уметник од Охрид Дамјан Пејчиноски, настапи на најголемото македонско шоу Златна бубамара на популарноста 2015. На 18-то издание на манифестацијата Дамјан настапи заедно со Петар Ренџов, со кого ја изведоа новата верзија на познатиот македонски евергрин „Кажи зошто ме остави“.
Водител на Златата бубамара 2015 година повторно беше актерот Сашко Коцев, а во шоуто во кое беа прогласени најпопуларните во 2015 година, продефилираа многу познати имиња од светот на музиката, уметноста, спортот, културата, политиката и јавниот живот.
OhridNews