Улицата „Даме Груев“ со месеци личи на вистинско градилиште. Таму во тек е комплетна реконструкција. Се менува инсталацијата и се поставува нова инфраструктурна мрежа. Улицата е целосно раскопана и непроодна, па поради тоа често и затворена за сообраќај.


улицата „Даме Груев“

Најтешко им е на жителите од ул. „Даме Груев“ кои сметаат дека реконструкцијата се одолговлекува и тече бавно со што нивното секојдневно функционирање е отежнато.


секојдневието на жителите од „Даме Груев“ 

Од локалната самоуправа информираат дека 80% замената на инсталацијата и другите градежни работи се завршени, но поради недостиг на асфалт во градежните бази доцни завршувањето на реконструкцијата. „Веќе три недели чекаме асфалт, поради што не можеме да отпочнеме со асфалтирање“, изјави за Ohridnews, Зоран Шикалески од Одделението за патишта и комунален развој. Шикалески очекува набрзо да биде решен овој проблем и улицата да биде асфалтирана.


Се чека асфалтот велат од локалната самоуправа

ohridnews
фото: Васко Бујароски