На ул. „Даме Груев“ се врши целосна реконструкција со која се уредува не само коловозот, туку и подземната инфраструктура односно канализацијата и електрична мрежа, се изработуваат тротоари, се уредува осветлувањето…Со еден збор – комплетна реконструкција од која ефектите ќе бидат такви што во наредните 20-тина години не ќе треба повторно да се трошат нови пари за истата улица, велат од локалната самоуправа.
градежните работи на ул. „Даме Груев“ во завршна фаза