Членовите од карате клубот “Кун-су-то” Охрид, Дамјан Митревски, Анастасија Смилевска, Козма Митревски, Сара Цикуш и Тамара Ѓурчиноска како дел од Македонската карате репрезентација учествуваа на Балканското карате првенство кое се одржа во Сараево.
Дамјан Митревски го освои второто место во категорија кадети борби -52 кгр со што стана балкански вицешампион во таа категорија по поразот од босанскиот каратист во финалето, а претходно совладувајќи ги каратистите од Грција, Кипар, Турција и Албанија, посочуваат од клубот.
Анастасија Смилевска како дел од екипата кадетки го освоија 5-тото место по претходен пораз во полуфинале од екипата на Хрватска, и бараж од Србија а претходно совладувајќи ги Грција и Кипар.
OhridNews