Каратистите од карате клуб “Кун-су-то” Охрид Анастасија Смилевска и Дамјан Митревски, на плејоф организиран од КФМ обезбедија места во Карате репрезентацијата на Македонија и ќе учествуваат на Светското карате првенство кое ќе се одржи во периодот 09-13.10.2024 година во Венеција-Италија.
Анастасија Смилевска ќе настапи во борби кадетки -61 кгр, Дамјан Митревски во борби кадети -52 кгр. За наше големо задоволство за прв пат од Охрид ќе имаме двајца претставници кои ќе ги бранат боите на Македонија на Светско карате првенство во организација на Светската карате федерација, информираат од клубот.
OhridNews