Партијата Сојуз на Египќани со седиште во Охрид на предвремените парламентарни избори ќе ја поддржи коалицијата За подобра Македонија. Договорот за соработка денеска го потпишаа претседателот на Сојузот на Египќани, Демир Далип и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Владо Стефаноски.
Египќаните се приклонија кон ВМРО ДПМНЕ
Ова е историски ден за Египќаните, еуфорично изјави Далип, по потпишувањето на договорот за соработка. Силно ја поддржувавме и ќе продолжиме да ја поддржуваме политиката на актуелниот премиер Груевски, рече Далип.
ohridnews