Екипата на Реал Мадрид, синоќа, како гостин славеше во дуелот со Еибар (3-1), во мечот од 14-та рунда во шпанската Примера. „Кралевите“ со новите три бодови се искачија на втората позиција на табелата и комплетно се вратија во борбата за одбрана на титулата.

Во триумфот на Реал Мадрид голема прашина се крена поради една одлука во 81-та минута која можеше да го промени конечниот исход. Имено, домаќините при негатива 2-1 бараа пенал после играњето со рака на Серхио Рамос. Судијата комуницираше со колегата во ВАР собата, но доби инструкции дека нема елементи за пенал.

Одлуката на судиите ја подели шпанската јавност. Најгласни во реакциите беа навивачите на Барселона, кои ги преплавија социјалните мрежи со факти дека вакви ситуации да бидат во корист на Реал Мадрид одма ќе бидат санкционирани, а во спротивно судиите остануваат неми.

OhridNews