На сите ни е добро позната болката во мускулите која се појавува по интензивен тренинг, особено ако подолго време сме биле неактивни. Но дали треба во таква форма повторно да се посети вежбалната?
Различни тренери имаат различно мислење на оваа тема, но Вил Торес, сопственик на вежбалната “Willspace” од Њујорк смета дека нема потреба од интензивни тренинзи додека не стекнете форма и организмот се навикне на стресот.
“Подобро изберете некој полесен облик на вежбање кој во себе вклучува истегнување како јога или пилатес додека болката не се повлече. Доколку имате желба да ја посетите вежбалната додека ве болат мускулите вежбајте внимателно и со помали тежини” советува Вил.