,,ДАЛИ СУМ ЈАС БРОЈОТ 12 ?” е мотото под кое годинава ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против Хепатис. Мотото на светската кампања која од утре ќе се одвива и во Охрид го потенцира фактот дека секој 12-ти човек во светот е заразен со вирусот на Б или Ц хепатитот.
Носител на кампањата во Македонија е НВО Хепта која им се придружи на 200 здруженија чии членови се лица заболени од хепатитис Б и Ц од целиот свет, во одбележување на Светскиот Ден за борба против Хепатитис.
Целта на глобалното одбележување на Денот за борба против Хепатитис е да се подигне свеста за ова заболување во општата популација, кај луѓето изложени на ризик, здраствените работници и самите Влади, да се обезбедат информативно-едукативни материјали на здруженијата за борба против Хепатитис на национално ниво, да се убедат Владите да ги усвојат т.е. да се охрабрат државите да организираат добра програма за борба против Хепатитот, што е можно порано и да се убеди Светската Здравствена Организација(СЗО) на Генералното собрание во 2009 год. официјално да го поддржи Светскиот ден за борба против Хепатитот.
Кампањата утре ќе биде јавно промовирана во Охрид, а предвидено е да се одржи и интерактивен квиз. Кампањата е поддржана од градоначалниокот на Охрид, Александар Петрески, и локалната невладина организација „Опција“.
ohridnews