Јасно е дека контролите за храна во државава повеќе се носат на хартија отколку на терен, и дека не се толку строги и реални колку што треба да се, затоа што ако беше така не ќе можеше кој сака да работи со храна, што е многу осетлива работа пред се од здравствен и од  аспект на хигиената.

Пред неколку дена влегувам во една од пекарите во центарот на градот да купам појадок . На влегување внатре вработената со раце го чистеше подот, веднаш застана зад пултот со храна за да ме услужи, мислев дека прво ќе ги измие рацете ама не! Се изненадив многу непријатно, и и реков да си ги измие рацете а таа ме погледна со лутина и зачудено, не знам што и беше толку чудно, работи со храна пред се со непакувана храна со која има директен контакт, дали таа продавачка е свесна какви зарази и бактерии се пренесуваат на тој несоодветен начин на работење со храна. Денес со намера да купам појадок овој пат од друга пекара исто во центарот на градот, уште пред да влезам во пекарата ја видов продавачката како со метла си го чисти подот, влегува муштерија, а продавачката ја остава метлата и оди да го услужи муштеријата, а нејзината колешка за која што мислев дека ќе ги услужува луѓево додека другава го чисти подот се тргна настрана. Повторно се изненадив непријатно сега уште повеќе затоа што во една недела два пати се случува истото. Отидов во продавница и купив нешто спакувано (во случајов смоки  )

Сепак се работи за храна. Мора да има построги критериуми. Мора вработените да се едуцираат. Не значи дека ако некој завршил угостителска школа и знае да работи со храна. Сите треба да се едуцираат. Не може истиот што го чисти подот да има контакт во исто време со храна, посебно храна која не е соодветно спакувана.

Поздрав и внимавајте што јадете!

С.К.
(идентитетот познат на редакцијата)