Иако многу луѓе сметаат дека единственото нешто кое ќе го постигнете со прескокнување на доручекот е внесувањето на повеќе калории подоцна во денот, ново истражување од Универзитетот Корнел го тврди спротивното.
Истражувачите поделиле 400 студенти во две групи од кои едната група секојдневно конзумирала доручек, додека другата група го прескокнувала, а потоа следеле што конзумираат во останатиот дел од денот и колку калории внесуваат.
Иако повеќето од групата студенти кои го прескокнале доручекот се изјаснале дека чувствуваат глад до време на ручек, не конзумирале поголеми оброци ниту јаделе повеќе пати во текот на денот од другата група.
“Откривме дека ако сакате да изгубите тежина прескокнувањето на доручекот сепак не е толку лошо, а со тој метод во просек ќе внесувате 400 калории помалку” изјавил еден од научниците.
Овој метод на исхрана може да ви помогне да ја намалите тежината, но никако не треба да се практикува подолг временски период бидејќи доручекот е многу важен дел за физичкото но и менталното здравје.