На охридската арена „Атина Бојаџи“ во десеттата рунда од Првата лига силите ги одмерија екипите на Младост од Царев Двор и Шкендија, а гледачи повеќе имаше позади заштитната ограда отколку на трибините.


Затоа се поставува прашањето дали охриѓани и искрените вљубеници во спортот заслужуваат елитен фудбал на својот стадион.


Цената на билетот за влез на трибините изнесува 100 денари, а бидејќи се игра во лига систем во еден месец два пати Младост се натпреварува во Охрид.


Младост кој има неколку фудбалери со охридско потекло во своите редови мечевите на Атина Бојаџи ги игра бидејќи нивниот домашен терен во Ресен не ги исполнува условите за фудбал од највисок ранг.


Ниту тие не беа мамка за охриѓани да дојдат и од трибините во живо да ги проследат и поддржат своите сограѓани.


Празните стадиони се главен проблем за сите градови во Македонија кои зјаат празни додека во Европа се бара билет повеќе.

Мх.П.