“Дали општината Охрид е подготвена за целосна децентрализација?“, е тема на јавната трибина што во рамки на Мобилниот парламент на невладината МОСТ, ќе се одржи на 16 февруари. во големата сала на општината.

„Општина Охрид е посочена како најуспешна по остварените резултати во 2006 година,  но  дали ги исполнува потребните критериуми  да влезе во втората фаза на децентрализацијата? Општината има наследени долгови од пред 15-тина години,  кои се законска пречка за позитивна оценка за влегување  во втората фаза од децентрализацијата. Има ли недостатоци законот за локална самоуправа?“.

Ова се дел од дилемите и темите за кои ќе дискутираат пратеници од Собранието на РМ, претставници од Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, претставници на локалната самоуправа, претставници на невладини организации и граѓани.

ohridnews