Но проблемите во 18-кратниот освојувач на Премиер Лигата не се само резултатски , туку над клубот надвиснуваат персоналните проблеми на десетката на “црвените ѓаволи“ Вејн Руни. Проблемите за Руни започнаа по слабиот настап на Мундијалот, кога ги критикуваше навивачите, се интензивираа со секс скандалот кога за време на бременоста на негововата сопруга, тој флертувал со проститутка. Капак на се е и караницата со менаџерот на “бебињата“ Сер Алекс Фергусон околу неговата наводна повреда по што популарниот “Ваза“ официјално побара да биде ставен на трансфер листата. Најзаинтересирани за неговиот потпис се Реал Мадрид, “крвниот ривал“ Манчестер Сити и уште неколку европски клубови.
Од досегашните примери, никој не ја добил битката со “стариот лисец“ , така Фергусон во 1995 се откажа од Пол Инс, во 2001 од столбот во одбраната Јап Стам, излезната врата на 12 годишниот капитен Рој Кин, му беше покажана во 2005, мегаѕвездата на “златната генарација“ Дејвид Бекам во 2003, а непоштеден мина и машината за голови Руд ван Нистерлој, лани за рекордни 95 милиони се откажа од услугите на Кристијано Роналдо. Сите овие фудбалери беа “алфа и омега“ во Јунајтед, последователно иднината на Вејн Руни во дресот на “црвените ѓаволи“ не е така далечна и светла. . .