квалификацискиот меч против Хрватска во квалификациите. Хрватите ни
“лежат“, немаат победа против Македонија, на “Градски“, тоа беа дел од
пораките со кои се подигаше атмосферата како во македонскиот табор, така
и меѓу публиката.
Атмосферата во нивниот состав и не е баш
хармонична па сето тоа ни дава(ше) надеж дека може конечно да совладаме
некој селекција од светскиот фудбалски врв.
Селекторот Чеде
Јаневски, и капитенот Горан Пандев во пресрет на мечот порачаа дека
стрпливо ќе го напаѓаат хрватскиот гол, за да не не понесе еуфоријата и
публиката.
Мечот започна, 33 илјади грла ги понесоа
единаесетмината на Јаневски. и се така до 16 минута кога “експолодираше“
арената “Филип Втори“. Ристиќ го проигрува Ибраими кој го матира
Плетикоса. Почеток од соништата.
И толку. После првиот погодок се
разбудија хрватските фудбалери кои мислеа “лакочемо“. Тогаш хрватскиот
тим со “тик-так“ играта од нога до нога, ја заспа нашата публика, а
стрпливо ја чекаше грешката на нашиот (не)искусен состав. Згреши оној од
кого многу се очекува. Горан Попов.
Чорлука непречен од никого
ја тресе мрежата и “коцкестите“ се радуваат. Штама на “Филип Втори“,
сите едвај го чекаат свирежот за крај на првиот дел. Фудбалерите
најмногу. Крај на првиот дел кој го започнавме фуриозно, а го завршивме
нечујно. Многу пати досега сме одиграле одлични 45 минути, а потоа
потоп.
Но стартот на вториот дел, навестуваше нова страница.
Пандев е во налет, паѓа во казнетиот простор, сите викаат “пенал“, но
Расмусен вели “НЕ“. За волја на вистината во право беше данецот.
Слободен
удар во нашата половина од теренот. Ракитиќ бие, топката лета и го
прелета Мартин Богатинов кој беше само гледач повеќе на “Филип Втори“.
Шок и неверување. Зарем со ваков погодок ќе го загубиме и овој меч.
По
“фантазма“ голот на Ракитиќ, заспаа сите. Фудбалерите, селекторот,
публиката. Во тие моменти можеа да се случат советите на Штимац, кој
продолжи да бара “тик-так“ игра. Тешко се будиме од шокот, селекторот
нема сила да ја разбуди заспаната “фаланга“ која мака мачи со хрватската
“просечна“ екипа.
Судиско надополнување. Натпреварот е загубен.
И тогаш на сцена стапува капитенот Пандев. На центар му се жали на
данецот. Овој “ни еден ни два“ му го покажува жолтиот картон.
Македонската “19-ка“ ќе го нема на мечот со избраниците на Михајловиќ.
Што се случува со Попов? Како можеше Богатинов да прими онаков гол? Дали Пандев го загуби разумот? Што
згрешивме? Дали премногу очекувавме? Дали селекторот го згреши
составот? Како тоа некои фудбалери имаат осигурано место во селекцијата? Што ни покажа мечот со Хрватска? Како понатаму? Дали циклусот заврши уште не започнат?