Протеините се еден од клучните делови на исхраната поради својата важност за организмот, а изградени се од разни комбинации на 20 аминокиселини. Постојат 8 есенцијални аминокиселини кои нашето тело неможе да ги произведе, туку задолжително мораме да ги внесеме преку храната.
Но, како да знаете дека не јадете доволно протеини? Првото правило е едноставно – ако постојано ви се јаде благо и никогаш не сте целосно сити, значи дека во исхраната ви недостасуваат протеини. Имено, протеините го одржуваат нивото на шеќер во крвта, па кога ги нема доволно, паѓа и шеќерот што веднаш предизвикува желба за брза енергија како слатки.
Еднакво, ќе се чувствувате изморено ако енергијата постојано ја надоместувате со јагленохидрати кои моментално ќе ја поткренат, но еднакво брзо и ќе ја спуштат, а тоа ќе ви даде чувство на слабост.
Јасен знак за недостаток на протеини во исхраната е опаѓањето на косата, бидејќи фоликулите нема да бидат доволно силни да ја држат косата на главата без оглед на затегнувањето и чешлањето.
За крај, ако не јадете доволно протеини, ќе пати и вашиот имунитет па ќе бидете често болни, затоа, добро проверете што имате во чинијата!
извор:metro-portal.hr