Многу жени се уверени дека правилно ја избрале нијансата на пудра, но факт е дека премногу жени погрешно ја избираат пудрата. Дали сте меѓу оние кои правилно ја избрале ќе дознаете на многу едноставен начин. Доволна е само капка пудра да тестирате дали сте ја избрале вистинската нијанса.
Само една капка пудра нанесете на претходно исчистена кожа и причекајте 10 минути. Ако после тоа време пудрата е видлива на кожата-користите погрешна нијанса.

Пудрата треба совршено да одговара на кожата или да е едвај забележлива. Ако сте избрале погрешно, тоа не значи дека таа пудра повеќе никогаш не треба да ја купувате. Имено, бојата на кожата се менува од сезона во сезона, но и од година во година. Ако пудрата ви одговарала во текот на летото, можно е дека ќе ви биде премногу темна во зима.

 

извор:zenstvena.com