18.00 Направени се епидемиолошки анкети со сите граѓани кои биле во контакт со луѓето кои работат во охридското Одделение за трансфузиологија, како и со лекарите, сестрите и техничкиот персонал. Дали има заразени ќе биде познато по две седмици, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на поставено прашање од OhridNews.
- Сите тестирања ќе бидат готови кога ќе поминат 14 дена од контактот. Само тогаш можеме да имаме точни информации, рече министерот.
Филипче не прецизира дали третиот утврден случај на лице заразено со коронавирус во Охрид има поврзаност со Одделението за трансфузиологија, ниту дали се размислува за затворање и на останатите одделенија кои се наоѓаат во истиот објект.
За охридските епидемиолози, пак, е нејасно, доколку се потврди дека тестот на едно вработено мединско лице во Трансфузиологија е позитивен, како истото се заразило, дотолку повеќе што тестовите на сите останати вработени биле негативни.
- Сите останати имаат негативни тестови, мора да се повтори тестот на една од вработените здравствени работници за да кажеме дека нејзиниот тест е позитивен или негативен. Ако е позитивен, значи ли тоа дека не се заразила од пациентот ? Ќе почекаме најдобро, резултатите да покажат па ќе дискутираме подоцна. истакна во телефонска изјава во вестите на телевизија „Алфа“ д-р.Јована Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид.
Охридското Одделение за трансфузиологија беше затворено пред три дена откако беше утврдено дека лице заболено со коронавирус го посетило одделението. Десеттината вработени веднаш беа испратени во домашна изолација.
Ohridnews