Спонтаниот гест на Џорџ Буш додека беше во посета на едно албанско село, да влезе меѓу масата обожаватели како некоја рок ѕвезда и со нив да се гушка и бакнува, најверојатно го чинеше скапоцениот часовник.

Од снимката на албанската „Нјус 24“ ТВ, јасно се гледа дека Буш влегува меѓу одушевените Албанци, многумина го стегаат на рацете и го гушкаат, а трети го бакнуваат.

Но, само неколку секунди подоцна, на раката од Буш – нема повеќе часовник. Дали му паднал или некој вешто го симнал од раката на „полубогот“ – не се знае.

С.К.