На YouTube излегла уште една снимка од засега неидентификуван летечки објект на кој во пресрет му излегуваат два британски авиони-ловци. Видео снимката трае триесеттина секунди и прикажува нешто што изгледа како вистински НЛО, во облик на чинија како лебди над автопатот М5. Некогашниот експерт за НЛО од министерството за одбрана на Велика Британија, Ник Поп, вели дека ова е една од најдобрите снимки што ја има видено.


Иако веднаш се појавиле коментари дека се работи за воен проект, што би го објаснило присуството на воените авиони, Поп вели дека тајните проекти не се тестираат преку ден. Посебно не во такво прометно подрачје. Тој е уверен дека се работи за вистински НЛО и дека два ловци биле испратени да ја испитаат ситуацијата бидејќи НЛО е забележан на радарите. Министерството за одбрана потврдило дека би испратило летала ако било што се појави во воздухот, но никој не сакал да ја коментира снимката која е направена од засега непозната личност.