Првото прашање кое ќе и биде поставено на Џенифер Лопез е дали таа е бисексуалка, најавил адвокатот на нејзиниот поранешен сопруг. Тој сака да објави еден приватен филм, кој брачните другари го снимиле на својот меден месец.
На тој филм наводно е снимено како пејачката се бакнува со некоја жена. Адвокатот бара дозвола од судот да го објави филмот, а Џенифер му се спротиставува. Наводно таа не сака да дојде до судење и сака да се спогоди со својот поранешен сопруг.