Рохаина Хурлбурт од њујоршката млекара “Mercer’s Dairy” која себеси се опишува како “стравствен обожавател на сладолетот”, го направила сладолед од вино кој не само што е единствен на светот, туку е и награден за неговиот вкус.

Овој сладолед е единствен бидејќи е направен од вино,а не од вештачки состојки кои имаат вкус и мирис на вино. Со обзир на фактот дека алкохолот го топи мразот било потребно многу време и пари да се открие начин како тој да се направи.

Паковање од половина килограм на овој уникатен сладолед содржи 5% алкохол, а се продава по цена од 10 долари.