Американските науници ја преиспитуваат теоријата за астероидот кој пред 65 милиони години предизвикал масовно изумирање на диносаурусите. Денес некои контроверзни проучувања се обидуваат да ја побијат оваа теорија. Еден палеонтолог од универзитетот „Принстон“ тврди дека масовното изумирање настанало 300 илјади години после падот на астероидот.
Тој како доказ посочува еден пронајден скелет на диносаурус, чија старост покажува дека бил жив половина милион години по падот на астероидот. Меѓутоа повеќето научници тврдат дека сеуште нема доволно докази за да се потврдат овие теории.