Новата реклама за ланецот за брза храна Мек Доналдс во која се појавува галскиот јунак од стрипот Астерикс, предизвикале бес кај француските критичари кои во неа гледаат предизвикување на американскиот потрошувачки менталитет.
Рекламата наликува на сцена од стрипот во центарот на галското село, каде Астерикс со своите другари не пие пиво и не јаде месо од диви свињи. Во рекламата Астерикс, кој се смета за симбол на францускиот борбен дух, е претставен како заедно со Обеликс и пријателите јаде хамбургери и помфрит во ресторан на Мекдоналдс.