Денеска во судницата во Колорадо, пред обвинителството се појави американскиот „џокер“ Џејмс Холмс, кој во текот на летниот период застрела 12 луѓе за време на премиерата на филмот „Бетмен“ во Денвер.

Одбраната побара повеќе време за подготовка на неговото изјаснување, по што судијата Вилијам Силвестер го одобри ова барање. Целта е да биде овозможено повеќе време, како би се прегледале големиот број докази и сведочења, кои претходно се презентирани од страна на обвинителството.

Судијата Силвестер одлучи Холмс да остане во притвор без можност за ослободување со кауција, додека изнесувањето на обвиненијата се закажени за 12-ти март.

Инаку, Холмс е обвинет за убиство од прв степен и обид за убиство, со можност да се побара смртна казна,  додека одбраната тврди дека лицето е ментално болно.

OhridNews