По неоправданото непојавување на теренот во Кавадарци, КК Амак СП е пред исклучување од Првата кошаркарска лига. Доколку клубот чиј спонзор е компанија Амак СП од Охрид, а натпреварите како домаќин ги игра во Скопје, не се појави на паркетот викендов во Свети Николе на мечот против Овче Поле, ќе биде исклучен од елитата и ќе му се избришат резултатите.


Делегатот и судиската тројка на дуелот во Кавадарци не биле информирани за недоаѓањето на охридскиот клуб, а уште помалку за причините. Амак СП побарал одлагање поради „технички“ проблеми  но барањето било задоцнето и одбиено како неосновано.

ohridnews