Бековски тандем на Металург, Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец најверојатно ќе заврши на „печалба“ на далечниот исток.
Словенецот со македонски пасош ќе се пресели во тимот на Лехвија, кој се натпреварува во Катар.
Клубот интерес за македонскиот репрезентативец покажа уште на Светското првенство, но Вугринец се надеваше на позитивна разврска во Металург што не се случи.
На истата траса ќе патува и Наумче Мојсоски, но тој се уште стрпливо ги разгледува понудите кои доаѓаат од сите страни.
За услугите на стружанецот заинтересеирани се катарскиот Ал Ахли и екипата од Абу Даби, Ал Џезира.