Погодокот против Вардар е деби гол за Далчески во дресот на Металург. Фудбалерот за врска беше незаменлива алка во охридскиот тим Охрид 2004 пред да направи трансфер во тимот на Металург.
– Постигнав погодок, но, не застанувам тука. Моја работа е да давам максимум на тренинзите, а тоа да го пресликам на натпреварите. За местото во тимот одлучува тренерот – истакна Далчески кој не ги крие амбициите на тимот на Христов за престојната сезона – Имаме добра екипа, формата ние е во нагорна линија. Сезонава нашите цели се јасни одиме на двојна круна – заврши Далчески.
По десет одиграни натпревари во првата македонската фудбалска лига Металург е на третата позиција со 19 бодови. Лидер на табелата е Турново со 21 додека второпласиран е Вардар со 20. По првиот натпревар Во Купот на Македонија, “зелените“ имаа негатива од 1-0 против Шкендија.