Металург во 29-та рунда на домашен терен го пречекува кичевски Напредок, кој е длабоко навлезен во резултатска криза. На “зелените“ неопходна им е победа за го задржат чекорот со водечките на табелата Вардар и Хоризонт Турново.

– Како на секој натпревар пред своите гледачи така и против Напредок одиме на трите бода. Напредок е во резултаска криза, но тоа не смее да не залажува и да ги потцениме – рече Александар Далчески.

Покрај Металург – Напредок во 29-та рунда ќе се сретнат Работнички – Дрита, Пелистер – Силекс и Брегалница – Тетекс.

Мх.П.