Во ждрепката за четвртфиналето од Купот на Македонија екипата на Металург имаше најмногу среќа и за противник го доби тимот на Дрита, кој настапува во Втората лига и не му оди баш најдобро.

Без разлика на противникот екс фудбалерот на Охрид 2004, Александар Дачески смета дека треба да се одиграат два одлични натпревари за да се обезбеди пласман во 1/2 финалето.

– Мораме да признаеме дека го добивме најпосакуваниот противник меѓутоа тоа никако не смее да не опушти. Можеби среќата овој пат во ждрепката ни се насмевна бидејќи претходно го добивме и поминавме Вардар. Ние ќе пробаме уште на првиот натпревар, кој го играме на гостински терен да решиме повеќе од дилемите. Но за тоа кога ќе дојдат натпреварите, сега сме 100% фокусирани на првенството и да обезбедиме што подобар пласман сезонава – рече Далчески.

Сезонава фудбалерот за врска има настапено девет пати во Првата лига, а ги одигра и натпреварит со Вардар во Купот на Македонија.

Мх.П.