Четворица полицајци се убиени, а седум се ранети кога врз нив било пукано од најмалку два снајпери во Далас, во американската сојузна држава Тексас. Во моментот кога врз полицијата било пукано во градот се одржувале протести поради убиствата на двајца афроамериканци, кои се случија за време на полициски интервенции во Минесота и Луизијана.
Шефот на полицијата во Далас, Дејвид Браун, рекол дека полицијата успеала да лоцира еден од осомничените и дека со него се преговара. Браун претходно рекол дека од два снајпери биле погодени 11 полицајци, од кои тројца се убиени, меѓутоа полицијата објави дека еден од повредените починал в болница.
Нападите се случиле вчера во 20:45 по локално време, кога повеќе стотици луѓе протестирале поради убиството на двајцата афроамериканци, кои настрадаа за време на полициски интервенции во Батон Руж во Луизијана и во Сен Пол во Минесота.
OhridNews
извор Макфакс