Тибетантскиот духовен водач Далај Лама и службено го прими одликувањето на градското собрание во Париз со што и официјално стана почесен граѓанин на француската метропола. Градските челници минатата година одлучиле да му го доделат ова признание во чест на неговите залагања во борбата за дијалог и мир во светот.
Тој на приемот изјавил дека е почестен и дека признанието го прима како човек кој се залага за мир и пријателство. Кина уште од самиот почеток се противеше на ваквата одлука на париските власти. Тие сметаат дека овој чин предизвикува големо противење на нивната држава и народ.