Британецот Крис Холмс, цариник на аеродромот Стенстед, во вторникот на својот 31 роденден дал отказ, испраќајќи му на шефот порака напишана на торта. Холмс на тортата напишал: „Неодамна станав татко и сватив колку животот е драгоцен и колку е важно да се работи нешто што ме прави среќен мене и другите“. Тој објаснил дека си оди бидејќи сакал да му се посвети на семејството, посебно на синот Бен и слаткарскиот занает кој му одземал се повеќе време.
Во својата торта заклучил дека доколку тортака им се допадне, можат да ја нарачаат на неговиот сајт www.mrcake.co.uk. Холмс на царината работел седум години, а слаткарницата ја отворил во 2010 година. Тортата која станал хит на интернет била прифатена, а шефот и колегите на сега веќе поранешниот цариник му посакале многу среќа во новата работа.